Bing – пребарувач кој знае повеќе!

Септември 2, 2009 во 23:54 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

Вовед и кратка историја

Пребарувањето на информации и податоци на интернет, пред 10-тина години беше операција која иако многумина ја користеа, сепак малку од нив и посветуваа било какво внимание. Луѓето најчесто пребаруваа веб страни со пребарувачи кои истите ги индексираа според клучни зборови и колку пати бараниот поим се појавува на страната. Резултатите беа релевантни, но далеку од совршени.

Потоа се појави Google кој започна револуција во полето на пребарувањето. Сега пребарувачот користеше напредни алгоритами според кој на корисниците им ја даваше најрелевантната страна, дополнителни информации поврзани со неа, слики и други мултимедијални елементи кои ги екстрахираше и прикажуваше посебно. Се повеќе луѓе почнаа да го користат пребарувачот дури и за адреси кои им беа познати, а тоа доведе до огромен пораст на интернет-сообраќајот преку тие пребарувачи. Наеднаш оваа индустрија стана многу интересна и најголемите компании почнаа да инвестираат и да дизајнираат свои пребарувачи, се со цел да привлечат повеќе корисници да го користат нивниот продукт, а со тоа да ја зголемат неговата популарност и со тек на време истата да ја материјализираат.

Microsoft беше една од првите компании која го увиде тој потенцијал и почна да работи на дизајнирање и промоција на свој интернет пребарувач. Така уште во „далечната“ 1998 година Microsoft го лансираше MSN Search но за почеток тој ја користеше базата на други пребарувачи, а паралелно започна и со градење на своја база која со годините само се усовршуваше и зголемуваше.

Резултат на овој раст беше појавата на Windows Live Search кој официјално се појави на 11 септември 2006 година и го замени MSN Search. Сега Microsoft веќе имаше своја база на индексирани страни и технологија за пребарување на слики, фотографии и други графички елементи. Можеше да се пребарува според различни категории, а бројот на барања кои се упатуваа до пребарувачот се искачи до 2,5 милијарди месечно. Резултатите беа многу порелевантни, а освен класично пребарување на клучни зборови, пребарувачот започна и да одговара на едноставни прашања и да биде „пријателски“ настроен кон корисникот и неговите барања.

Во 2007, поточно на 21 март, Microsoft го издвои пребарувачот од Live семејството на производи и го ребрендираше во Live Search. Пребарувањето се поедноставуваше, растеше бројот на барања и посетители, а самиот пребарувач започна драстично да се реорганизира. Сепак називот Live кој беше дел од името, не се вклопуваше во новиот концепт бидејќи асоцираше дека продуктот е дел од поголемото семејство на Live производи кои паралелно се развиваа под капата на Microsoft.

И така, на 3 јуни 2009 година светот го запозна Bing. Целосно сменетиот, подобар од кога било „паметен“ пребарувач кој не само што најдобриот пребарувач кој Microsoft некогаш го имал, туку и е еден од најдобрите во светот, а потврда за тоа е и историскиот договор помеѓу Microsoft и Yahoo! Склучен на 29 јули 2009 година според кој Bing станува официјален пребарувач и на Yahoo!.

Што го прави Bing толку добар?

Уште при првиот контакт со Bing ќе ја забележите разликата. Наместо минималистичкиот, понекогаш премногу едноставен дизајн што се користи кај некои од конкурентните програми, ќе ве пречека убава и живописна фотографија на која што може да се види некоја занимливост или интересен предел од некој дел од светот. Самата фотографија е интерактивна, така што доколку со покажувачот од глувчето застанете на поедини делови, ќе добиете информации за одредени сегменти кои се поврзани со самата фотографија или со нејзиниот назив и локацијата каде е снимена.

Од лево се сместени и дел од генералните категории според кои можете да пребарувате и да ги гледате добиените резултати. Покрај основното пребарување (веб страни) уште ќе можете да пребарувате и слики, видеа, мапи, да добиете повеќе информации за патување или купување, или пак вести од било која точка на светот. Но, да го погледнеме ова во акција. Во полето за пребарување, кое без разлика од позадинската фотографија, секогаш е јасно определено, впишуваме Partners in Learning. Веднаш забележуваме дека пребарувачот ни дава сугестии во реално време кои што би можеле да ни помогнат доколку не знаеме точно како се пишува нешто што го бараме или едноставно не сакаме да пишуваме цел текст.

И веднаш пред нас се отвора обемната листа со резултати подредена по релевантност. Во називот намерно не го ставивме Microsoft но тоа не беше пречка за Bing. Прв резултат беше токму програмата Microsoft Partners in Learning, а воедно истата беше и прва во изборот на релевантни страници за бараниот поим која се креира лево од листата со резултати.

Од десно пак, покрај стандардната листа со платени огласи на кои сме навикнати да ги гледаме се појавува и една многу корисна новина која може да ја видите доколку малку се задржите, првин на линкот, а потоа и на малата стрелка која се појавува на десниот крај на самиот линк. Пред вас во мало прозорче ќе се отвори поширок опис на страната и линк кон неа како и други линкови кои се наоѓаат во самиот веб сајт. Ова може да е многу корисна опција посебно ако не можете од насловот да препознаете дали сте ја пронашле бараната страница, а не сакате да губите време отворајќи ги сите во посебни прозорци или табови.

Сега да го погледнеме малку горниот дел од пребарувачот

Табот Images покрај тоа што ќе ви ги даде сите фотографии, слики, графички елементи и цртежи поврзани со бараниот поим, уште ќе ви понуди и низа филтри според кои можете лесно да ги филтрирате за да го намалите изборот и да ја пронајдете вистинската. Така на пример можете да одберете да се прикажуваат сите слики со средна големина кои се во форма на квадрат, истите се во боја и не се илустрација туку фотографија. А ако и тоа не е доволно застанете на кратко со глувчето врз сликата и ќе добиете подетални информации за неа, без да треба да ја отворате и снимате, за да ја дознаете димензијата, на пример.

Кај видеата ситуацијата е уште подобра. Покрај можноста да ги дефинирате според должината, форматот, квалитетот и изворот уште ви се нуди и единствена шанса со едно единствено застанување врз одбраното видео да можете да прегледате дел од неговата содржина. Мора да се признае, навистина оригинално

Со Bing купувањето он-лајн е вистинско уживање. Откако во полето за пребарување ќе го внесете поимот што го барате веднаш ќе добиете детален извештај за тоа каде и во кои продавници може да се набави, колку ќе ве чини тоа и низа дополнителни информации кои што ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука. Доколку пак не знаете што да купите или барате подарок но не знаете што, искористете ги опциите од лево за да го скратите списокот со резултати и да го нагодите според своите потреби.

Покрај овие напредни начини за пребарување зад кои стојат современи и брзи алгоритми, со Bing можете и да разговарате, да го прашувате едноставни прашања и да добивате инстантни одговори. На пример ако внесете 2+pi * 8 веднаш ќе го добиете бараниот резултат од 2+pi *8 = 27.132741. Исто така можете да поставувате едноставни прашања чии одговори можат да се најдат во Encarta (енциклопедија на Microsoft) која што е дел од огромната база со резултати низ кои пребарува Bing.

Со сите овие можности кои ги нуди овој пребарувач, можеме да констатираме дека целосно се во право оние кои за него викаат, не дека е пребарувач, туку асистент при донесување на одлуки…и тоа многу паметен!

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: