Пoкана за учествo на Фoрумoт за безбеднoст на децата на интернет

Јануари 24, 2012 во 15:27 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве информираме дека на 27 јануари 2012 година, во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци и Microsoft Македoнија ќе се одржи настанот Кликни безбедно. Овој настан воедно претставува и трета кампања за безбедност на децата на интернет на Microsoft Македонија, а шесто одбележување на Европскиот ден за заштита на личните податоци од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Заедничката цел на Microsoft Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци е подигнувањето на јавната свест за безбедноста на децата на интернет, а истовремено да се зголеми свеста кај наставниците и родителите кога станува збор за заштитата на најмладите на интернет. Интернетот на сите ни нуди безброј можности, креираме свои профили на Facebook, посетуваме други, “симнуваме” музика и филмови, разговараме со пријателите на Skype, MSN, споделуваме фотографии но и други поинтимни работи. Истовремено интернетот може да биде и безмилосен, кога веќе нешто ќе се објави онлајн, доцна е за да кликнеме UNDO! Затоа треба да кликнеме БЕЗБЕДНО.

За одбележувањето на овогодинешниот настан беше распишан поетски и ликовен конкурс насловен КЛИКНИ БЕЗБЕДНО каде право на учество имаа учениците од основните училишта. Најдобрите избрани дела ќе бидат изложени токму на овој настан, веднаш по одржувањето на конференцискиот дел во кој пак ќе бидат презентирани актуелните состојби од областа на интернетот и неговото безбедно користење. И не само тоа. За време на настанот ќе се поделат и сет од едукативни и промотивни содржини наменети за сите присутни во форумот.

Ќе ни биде особена чест и задоволство, доколку и Вие со Вашето присуство дадете придонес во афирмација на сигурната интернет комуникација како основа за заштита на приватноста. За подетални информации Ве молиме разгледајте ја агендата која ја испраќаме во прилог.

Ве очекуваме.

Со почит,

Тимот на Microsoft Македонија и Дирекција за заштита на личните податоци.

Blog at WordPress.com. | Тема: Pool од Borja Fernandez.
Entries and коментари канали.

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.

Join 510 other followers