Партнери во учењето број 1
Септември 5, 2009 во 00:46 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментарПартнери во учењето е електронски месечен билтен кој е наменет за наставниците и професорите во училиштата во Македонија, Албанија и Косово. Преку него тие ќе можат да се запознаат со најновите алатки од Мicrosоft, да прочитаат нешто повеќе за постојните, да се поврзат меѓу себе и да разменуваат знаења и искуство.
Во најновиот број на е-билтенот „Партнери во учењето“ читајте:
|
Издвојуваме… настан Наставници од Албанија со нови знаења и искуства Повеќе од 200 наставници од основните училишта од повеќе градови од Албанија, кои не предаваат информатички предмети, присуствуваа на обуката за стекнување на основни ИТ знаења и запознавање со алатките на Microsoft, се со цел подоцна истите да ги применат во процесот на предавање. Повеќе… |
![]() |
Настани и вести Ви ја најавуваме Визија 7 На 7 и 8 октомври, во организација на „Мајкрософт-Македонија“, во хотелот Александар палас, по седми пат ќе се одржи најголемата технолошка конференција во Македонија „Визија“. Повеќе…
|
|
Рецензија Microsoft Robotics Studio – роботите доаѓаат! Локалната канцеларија на Microsoft во Македонија во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, изработија прирачник за работа со Microsoft Robotics Studio, се со цел оваа интересна и научна дисциплина, да стане составен дел од образовниот процес во училиштата во Македонија. Ова упатство е првенствено наменето за професорите и учениците во средните училишта како и за проферорите и учениците од повисоките одделенија во основните училишта. Очекувањата се дека ќе им биде исклучително интересна на сите оние кои се занимаваат со компјутери и техника како хоби, а посебно на оние кои покрај тоа се и страствени љубители роботите и роботиката. Курсот за работа со Microsoft Robotics Studio, претставува веб-ориентиран наставен план локализиран од „Партнери во учењето“ на Microsoft во Македонија. Една од примените на ова локализирано упатство е да се искористи како основен материјал при обуката на наставници која ќе се одржи во периодот 17-19 септември 2009 година во Македонија. Организирана е од USAID PEP и локалната Microsoft PiL програма. |
|
Bing – пребарувач кој знае повеќе! Интернет пребарувачот Bing, полека но сигурно испливува од непознатото, кон самиот врв. Тоа е така не само заради фактот што зад него стои моќниот Microsoft туку и заради низата одлични опции и можности кои ги нуди. Го тестиравме, ги издвоивме покарактеристичните особини и во продолжение ви го пренесуваме нашето искуство. Повеќе… |
|
Оглас Училишта, освојте ѕидна табла! Microsoft како постојан придружник и покровител на едукативниот процес кај нас, се обидува да биде вклучен на секој можен начин и да го помогне тој блароден процес. Затоа, преку програмата „Партнери во учењето“, на најбрзите и најиновативните училишта ќе им додели по една бела ѕидна табла. Повеќе… |
Редакција: Влора Адеми, Гоце Постоловски, Аделина Исеини
Напиши коментар »
RSS фид за коментарите на овој напис. TrackBack URI
Напишете коментар
Blog at WordPress.com. | Тема: Pool од Borja Fernandez.
Entries and коментари канали.







